Политика за приватност
Заштитата на податоците и доверливоста ги земаме многу сериозно и се придржуваме до одредбите на Регулативата на ЕУ за заштита на податоците (EU General Data Protection Regulation (GDPR)), како и со тековните национални регулативи за заштита на податоци. Ве замолуваме внимателно да ги прочитате овие информаци за заштита на податоците пред да поднесете порака.
Намерата и правната основа за системот на изнесување информации
Системот на изнесување информации (BKMS® System) служи за безбедно и доверливо добивање, обработка и раководење со пораки во врска со прекршувањето на кодексот на однесување на групацијата NOVOMATIC. Обработката на личните податоци во рамките на BKMS® System се заснова врз легитимниот интерес на групацијата NOVOMATIC да ги открие и спречи злоупотребите и со тоа да се избегне штета по NOVOMATIC, вработените и клиентите. Правната основа за обработка на личните податоци е Членот 6(1)(f) од GDPR (Регулативата на ЕУ за заштита на податоците).
Одговорни страни
Страните одговорни за заштита на податоците во системот на изнесување информации се
- NOVOMATIC AG
Wiener Strasse 158
2352 Gumpoldskirchen
Австрија, Европа
и
- нејзините соодветни подружници
како страни со заедничка автономна одговорност (во понатамошниот текст и: „NOVOMATIC“).
Системот на изнесување податоци го раководи специјализирана компанија, EQS Group GmbH, Bayreuther Str. 35, 10789 Berlin, Германија во името на NOVOMATIC.
Личните податоци и информации внесени во системот на изнесување информации се чуваат во база на податоци раководена од EQS Group GmbH со најголемо ниво на безбедност. Само вработените на NOVOMATIC може да ги видат податоците. EQS Group GmbH и останатите трети страни немаат пристап до податоците. Тоа е загарантирано со сертифицираната процедура преку опширни технички и организациски мерки.
Сите податоци се чуваат шифрирани со повеќекратни нивоа на заштита на лозинката според систем на дозволи, така што пристапот е ограничен на многу мал број на строго овластени лица во NOVOMATIC.
NOVOMATIC има утврдена служба за заштита на податоци. Барањата во врска со заштита на податоците може да се испратат на dataprotection@novomatic.com.
Вид на лични податоци што се собираат
Употребата на системот на изнесување информации се прави на доброволна основа. Ако поднесете порака преку системот на изнесување информации, ги собираме следните лични податоци и информации:
- вашето име, ако изберете да го откриете вашиот идентитет
- Без разлика дали сте вработени во NOVOMATIC
- имињата и другите лични податоци на лицата што сте ги навеле во пораката, ако е применливо
- Содржините на пораката, ако може со нив да се идентификува лице
Доверливост при третирањето на пораките
Пораките пристигаат кај мал број на строго овластени и посебно обучени вработени лица на организацијата за усогласеност на NOVOMATIC и тие секогаш се третираат доверливо. Вработените во организацијата за усогласеност на NOVOMATIC ја проценуваат материјата и спроведуваат евентуални дополнителни истраги, така како што е потребно според специфичните случаи.
Додека се обработува порака или се спроведува специјална истрага, може да дојде до потреба да се споделат пораките со други вработени во NOVOMATIC или со вработените на другите компании од групацијата, на пример, ако пораките се однесуваат на инциденти во филијалите. Таквите филијали може да се наоѓаат во земји надвор од Европската Унија и Европската Економска Област, каде што на сила има поразлични регулативи во однос на заштитата на личните податоци. Секогаш ќе се грижиме да постои усогласеност со регулативите за заштита на податоците што се на сила кога се споделуваат пораките.
Сите лица што имаат пристап до податоците се обврзани да ја одржуваат доверливоста на податоците. Природно, најголемата можна претпазливост се презема во поглед на кои било конфликти на интерес кога се споделуваат податоци и информации.
Информации за обвинетите страни
Правно сме обврзани да ги информираме обвинетите страни за какви било добиени пораки што се однесуваат на нив, сè додека разоткривањето на информациите не значи и загрозување на истрагата. Вашиот идентитет нема да биде разоткриен, освен ако сме законски обврзани на тоа од судовите или јавните власти, каде што може да се вклучени и случаи на правна одбрана на обвинетите лица. Во таквите случаи, вашиот идентитет се разоткрива само ако сте биле известени, земајќи предвид дека таквото известување не би ја загрозило намерата на истрагите или постапките на судовите или јавните власти.
Правата на субјектите коишто се предмет на податоците
Согласно европската легислатива за заштита на податоците, вие и лицата именувани во пораката имате право на пристап, корекција, бришење и рестрикција на обработка и право на приговор за обработката на вашите лични податоци. Ако го искористите правото да се спротивставите на обработката на личните податоци, веднаш ќе биде проценета потребата од податоци што се чуваат за испитувањето на пораката. Податоците што веќе не се потребни се бришат веднаш. Исто така, имате право да поднесете жалба кај надзорните власти.
Период на задршка на личните податоци
Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за да се разјасни ситуацијата и да се изврши конечна проценка, или сè додека постои легитимен интерес кај компанијата, или пак ако задршката е потребна со закон. Откако ќе биде завршена обработката на пораката, податоците ќе бидат избришани во согласност со уставните барања.
Употребата на системот на изнесување информации
Комуникацијата меѓу вашиот компјутер и системот на изнесување информации се одвива преку шифрирана врска (SSL). Вашата IP-адреса нема да биде меморирана додека го употребувате системот на изнесување информации. За да се одржува врската меѓу вашиот компјутер и системот BKMS® System, на вашиот компјутер се зачувува колаче, коешто ја содржи идентификацијата на сесијата (наречено и „колаче од сесија“). Колачето важи само до крајот на вашата сесија и истекува кога ќе го затворите вашиот прелистувач.
Може да поставите заштитено поштенско сандаче во рамките на системот на изнесување информации со индивидуално избран псевдоним/корисничко име и лозинка. Така, може да испраќате пораки до соодветните одговорни вработени лица во NOVOMATIC со име или на анонимен и безбеден начин. На тој начин, информациите се чуваат само во системот на изнесување информации, поради што се добива особена безбедност. Тој не служи како замена за редовната комуникација преку е-пошта.
Забелешка во врска со испраќањето прилози
Кога поднесувате порака или дополнение, истовремено може да испратите и прилози до одговорните вработени лица во NOVOMATIC. Ако изберете да поднесете анонимна порака, имајте ја предвид следнава политика за користење на личните податоци: датотеките може да содржат сокриени лични податоци коишто може да ја загрозат вашата анонимност. Отстранете ги таквите податоци пред да испратите датотека. Ако не можете да ги отстраните овие податоци или не сте сигурни како да го направите тоа, ископирајте го текстот од прилогот во текстот на пораката или испратете го печатениот документ анонимно на адресата наведена во фуснотата со цитирање на референтниот број добиен кон крајот на процесот на поднесување порака.
Верзија: 1 ноември 2021 г.