Соопштение за приватноста на податоците
Заштитата на податоци и доверливоста ги земаме многу сериозно и се придржуваме до одредбите на Регулативата на ЕУ за заштита на податоците (EU General Data Protection Regulation (EU-GDPR)), како и со тековните национални регулативи за заштита на податоци. Ве замолуваме внимателно да ги прочитате овие информаци за заштита на податоците пред да поднесете порака.
Намерата и правната основа за системот на изнесување информации
Системот на известување информации (BKMS® System) служи за безбедно и доверливо добивање, обработка и раководење со пораки во врска со прекршувањето на правилата за усогласеност издадени од Otto (GmbH & Co KG) и компаниите во поврзаност со Otto Group. Обработката на личните податоци во рамките на BKMS® System се заснова врз оправданиот интерес на нашата компанија да ги открие и спречи злоупотребите и со тоа да избегне штета по Otto (GmbH & Co KG) и Otto Group, вработените и клиентите (член 6 став (1) половина реченица 1 буква (f) GDPR во врска со §§ 30, 130 од германскиот Закон за административни прекршоци (Ordnungswidrigkeitengesetz, OwiG). Покрај тоа, обработката е неопходна за исполнување на законска обврска (член 6 став (1) половина реченица 1 буква (c) GDPR во врска со член 8 од Политиката за укажувачи или член 6 став (1) половина реченица 1 буква (c) GDPR во врска со соодветниот акт за спроведување, како што е § 10 од германскиот Закон за заштита на укажувачите (HinSchG).
Ве молиме имајте предвид дека, како свиркач, можете да направите извештај преку Интернет без да го откриете вашиот идентитет.
Одговорни страни
Страната одговорна за заштита на податоците во системот на изнесување информации е
Otto (GmbH & Co KG), Werner-Otto-Straße 1-7, 22179 Hamburg.
Системот на изнесување податоци е раководен од специјализирана компанија, EQS Group GmbH, Bayreuther Str. 35, 10789 Berlin во Германија во името на Otto (GmbH & Co KG).
Личните податоци и информации внесени во системот на изнесување информации се чуваат во база на податоци во центар за податоци со најголемо ниво на безбедност раководен од EQS Group GmbH. Само Otto (GmbH & Co KG) и компаниите поврзани со Otto Group имаат пристап до податоците. EQS Group GmbH и останатите трети страни немаат пристап до податоците. Тоа е загарантирано во сертифицираната процедура преку опширни технички и организациски мерки.
Сите податоци се шифрирани со повеќекратни нивоа на заштита на лозинката, така што пристапот е ограничен на многу мал број на строго овластени лица во Otto (GmbH & Co KG) и компаниите во поврзаност со Otto Group.
Otto (GmbH & Co KG) има назначено службено лице за заштита на податоците. Барањата во врска со заштитата на податоците во Otto (GmbH & Co KG) може да се испратат до Otto (GmbH & Co KG) преку datenschutzbeauftragter@ottogroup.com.
Вид на лични податоци што се собираат
Употребата на системот на изнесување информации се прави на доброволна основа. Ако поднесете порака преку системот на изнесување информации, ги собираме следните лични податоци и информации:
- вашето име, ако изберете да го откриете вашиот идентитет
- вашите податоци за контакт, доколку ги откриете
- дали сте вработени во Otto (GmbH & Co KG) или во компанија поврзана со Otto Group
- имињата и другите лични податоци на лицата што сте ги навеле во пораката, ако е применливо
Доверливост при третирањето на пораките
Пораките пристигаат кај мал број на строго овластени и посебно обучени вработени лица на организацијата за усогласеност на Otto (GmbH & Co KG) и компаниите поврзани со Otto Group и тие секогаш се третирани доверливо. Вработените во организацијата за усогласеност на Otto (GmbH & Co KG) и/или организациите за усогласеност на компаниите во прашање, ја проценуваат материјата и спроведуваат евентуални дополнителни истраги, така како што е потребно според специфичните случаи.
Додека се обработува порака или се спроведува специјална истрага, може да дојде до потреба да се споделат пораките со други вработени во Otto (GmbH & Co KG), или со вработените на другите компании од групацијата, на пример, ако пораките се однесуваат на инциденти во филијалите. Таквите филијали може да се наоѓаат во земји надвор од Европската Унија и Европската Економска Област, каде што на сила има поразлични регулативи во однос на заштитата на личните податоци. Секогаш ќе се грижиме да постои усогласеност со регулативите за заштита на податоците што се на сила кога се споделуваат пораките.
Сите лица што имаат пристап до податоците се обврзани да ја одржуваат доверливоста на податоците.
Информации за обвинетите страни
Правно сме обврзани да ги информираме обвинетите страни за какви било добиени пораки што се однесуваат на нив, сè додека разоткривањето на информациите не значи и загрозување на истрагата. Вашиот идентитет како свиркач нема да биде разоткриен, освен ако сме законски обврзани на тоа.
Правата на субјектот којшто е предмет на податоците
Согласно европската легислатива за заштита на податоците, вие и лицата именувани во пораката имате право на пристап, корекција, бришење, рестрикција за обработка и преносливост на податоците, како и право на приговор за обработката на вашите лични податоци. Ако побарате право да се спротивставите на обработката на личните податоци, веднаш ќе биде проценета потребата од податоци што се чуваат за испитувањето на пораката. Податоците што веќе не се потребни се бришат веднаш.
Правата што ги имате во однос на нас, како што е наведено горе, може да ги побарате кај Otto Group (GmbH & Co KG), е-пошта: datenschutzbeauftragter@ottogroup.com.
Исто така, имате право на жалба кај надзорните власти.
Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за да се разјасни ситуацијата и да се изврши конечна проценка, или сè додека постои легитимен интерес кај компанијата, или пак ако задршката е потребна со закон. По завршувањето на обработката на извештајот, податоците ќе бидат избришани во согласност со соодветните важечки законски барања.
Употребата на порталот на изнесување информации
Комуникацијата меѓу вашиот компјутер и системот на изнесување информации се одвива преку шифрирана врска (SSL). Вашата IP-адреса нема да биде меморирана додека го употребувате системот на изнесување информации. За да се одржува врската меѓу вашиот компјутер и системот BKMS® System, на вашиот компјутер се зачувува колаче, коешто ја содржи идентификацијата на сесијата (наречено и „колаче од сесија“). Колачето важи само до крајот на вашата сесија и истекува кога ќе го затворите вашиот прелистувач.
Можете да поставите поштенско сандаче во рамките на системот на изнесување информации, коешто ќе биде обезбедено со индивидуално избран псевдоним/корисничко име и лозинка. Така, можете да испраќате пораки до соодветните одговорни вработени лица во Otto (GmbH & Co KG) и/или до една од компаниите во поврзаност со Otto Group, со име или на анонимен и безбеден начин. На тој начин, информациите се чуваат само во системот на изнесување информации, поради што се добива особена безбедност. Тој не служи како замена за редовната комуникација преку е-пошта.
Забелешка во врска со испраќањето прилози
Кога поднесувате порака или дополнение, истовремено можете да испратите и прилози до одговорните вработени лица во Otto (GmbH & Co KG) и/или до една од поврзаните компании. Ако изберете да поднесете анонимна порака, имајте ја предвид следнава политика за користење на личните податоци: датотеките содржат сокриени лични податоци коишто можат да ја стават вашата анонимност под ризик. Отстранете ги таквите податоци пред испраќањето. Ако не можете да ги отстраните овие податоци или не сте сигурни како да го направите тоа, ископирајте го текстот од прилогот во текстот на пораката или испратете го печатениот документ анонимно на адресата наведена во фуснотата со цитирање на референтниот број добиен кон крајот на процесот на поднесување порака.
Верзија: март 2024 година